И Владата протестираше за почист воздух

by fokus 19:37
19:37

На денешниот марш за почист воздух се придружија и претставници од власта. Маршот го поддржаа министерот за информатичко опшество и администрација, Дамјан Манчевски, министерот без ресор, Роберт Поповски, како и заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули.

Присуствуваа и пратениците од владејачкото мнозинство, Павле Богоевски и Стефан Богоев.

- Advertising -

Граѓаните се собраа пред Владата од каде преку булеварите „Илинден“ и „8 септември“, се приклучија на граѓаните од „Ние сме Карпош 4“ и „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“ кои протестираат против уништувањето на зеленилото во општината. Се извикуваше паролата „Нејќам згради, сакам парк“.

Поврзани новости