И сопругата на Мартин Костовски вработена во МНР, тврди Стоилковски

by Fokus

Димитар Ковачевски и Бујар Османи мора да одговорат од која институција и за која позиција е преземена во МНР сопругата на пратеникот Мартин Костовски?

„Продолжувам со серијата „неопходни вработувања“ на миленици и партиски функционери на антимакедонската СДС. Нововработена во МНР од неодамна е и Ивана Костовска, сопруга на пратеникот на антимакедонската СДС Мартин Костовски. Костовска веројатно била неопходен кадар, па затоа МНР на Бујар Османи ја има преземено од друга институција! Преземањето, најверојатно, е од администрацијата на Општина Куманово, и тоа во јули годинава!“, тврди Стоилковски.

Значи, додека фокусот на јавноста беше кон претстојното предавство на македонската посебност, додека се случуваа огромни семакедонски протести, а во Собранието жестоко се дебатираше, Мартин Костовски веројатно се занимавал со вработување, префрлање на својата 23 годишна сопруга во МНР како „неопходен“ кадар! Прашање е дали и гласањето во Собранието на Мартин Костовски не се должи на пазар за вработување на неговата сопруга во МНР?

Неопходноста од кадарот како сопругата на Мартин Костовски, за МНР да спроведе преземање, се покажува со нејзината, како би сакал Бујар Османи да нагласи, „почетничка позиција“ во делот на соработката со НАТО!“, вели портпаролот на  ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости