И Самка Ибраимоски влегува во трката за претседател: Амди Бајрам само си прави бајрам со паметот

by fokus

Претседателот на Партијата за еманципација на Ромите, Самка Ибраимоски, ќе влезе во трката за претседател на државата. Тој вели дека ќе се кандидира за претседател за да се пребројат гласовите на ромската етничка заедница.

Вели дека партијата треба и официјално да одлучи по анализите кои се во тек, но сепак е извесно, додава, дека ќе се кандидира.

За Амди Бајрам од Сојузот на Ромите, вели дека не гледа конкуренција во него, затоа што не ги исполнува условите.

-Амди Бајрам си прави само бајрам со паметот. Не може да ми биде конкурент бидејќи не е Кока-Кола повеќе, туку дестилирана вода. Сакам да се кандидирам бидејќи имам богата политичка кариера, два мандати бев пратеник, бев и заменик министер, министер, член на Советот на Европа на Ромскиот форум, член на КАХРОМ, директор на азил центарот на Р.М – изјави Ибраимоски.

Поврзани новости