525
Денешниот протест на судската администрација го поддржа и претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев. Вработените во судовите протестираат против одлуките на Судскиот буџетски совет за нерамномерно зголемување на додатоците на плата за судиите и судските службеници и за недонесувањето конечна одлука за исплата на платите за дел од вработените што учествуваа во штрајкот во 2016 година.
– Сметам дека залужуваат повисоки плати односно повисоки примања. Станува збор за највредните службеници во државата. Станува збор за највредните службеници во државата, заедно со здравствените работници и со просветните работници. Сметам дека треба и судските административци по разни основи да имаат поголеми примања, бидејќи многу работат и имаат стресна работа. Не гледам проблем во судско –буџетскиот совет, ние ги поддржуваме нивните барања. Очигледно е дека во минатото во неколку наврати се зголемени платите на судските службеници, што е за поздрав и верувам во иднина ќе има таква тенденција, изјави претседателот Џолев.
И Пеце Грујоски претседателот на УПОЗ го искажа своето незадоволство.
-Ова денеска е протест на судската служба во знак на револ на самоволието на Судскиот–буџестки совет, за кој имаме огромен број забелешки. Ова е последна опомена за Судскиот-буџетски совет, бидејќи денеска сите судови во Македонија се излезени на протест- рече Грујоски.