Ахмети ќе добие уште еден мандат на конгрес на 21 декември во Кале, ДУИ ќе усвои нов статут и платформа

by Фокус 10:59
10:59

Претстојниот редовен партиски конгрес и предвремените парламентарни избори ќе бидат темите на дискусија на денешното централно претседателство на владејачката ДУИ, кое треба да се оддржи попладне во партиското седиште во Мала Речица.

Како што велат за Фокус високи партиски извори, конгресот на кој ќе се реизбере Али Ахмети за нов партиски лидер како единствен кандидат ќе се оддржи на 21 декември (сабота) во Скопје, поточно во спортската сала Кале.

- Advertising -
"

-Ќе му се довери на Ахмети уште еден мандат и ќе се избира генерален одбор, а ќе се донесе нов статут, платформа и неколку резолуции – вели висок партиски функционер.

Исто така, раководоството на интегративците денеска најверојатно ќе избере и шеф на републичкиот штаб за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, меѓутоа од партијата велат дека се уште не е донесена оваа одлука, истакнувајќи дека Ахмети ќе одлучи во последен момент.

Вообичаено, партиите им ја доверуваат оваа улога на генералниот секретар, меѓутоа ДУИ извесно време нема прв оперативец, откако, според неофицијални информации, Атила Реџепи неодамна си поднел оставка од втората функција во партиската хиерархија.

В.С.

 

Поврзани новости