417
На последната седница пред распуштање на Собранието, со 56 гласови „против” беа отфрлени законските измени кои ги побара Катица Јанева, за измена на Законот за заштита на сведоци и за продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.
Поддршка на предлогот дале 50 пратеници, а „против” гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Од документот објавен на страницата на Собранието пак, може да се види дека за барањата на Јанева, не гласале тројца пратеници на СДСМ. За предлогот не гласале пратениците Милена Ѓоргиева, Миле Андонов и Ален Георгијев, а биле присутни на седницата.
Инаку, предлогот за закононите за СЈО еднаш „падна” во Собрание кога беше поднесен од страна на СДСМ, а денеска повторно пред пратениците го достави Павле Трајанов.