Ивановски за 24 Вести: Ќе бидам прв меѓу еднаквите

by fokus 18:35
18:35

Новито претседател на Уставниот суд Никола Ивановски, во изјава за 24 Вести вели дека новата позиција за него е предизвик, но убедува дека должност ќе си ја врши професионално.

-Ке си ја работам работата и ќе бидам прв меѓу еднаквите. Ние судиите сме сите еднакви, само во тој момент јас ќе бидам прв меѓу еднаквите – изјавил Ивановски.

- Advertisements -

Тој вели дека досега не го видел предметот за оценување на уставноста на СЈО и не знае кога ќе се најде на дневен ред.

Последната седница од мандатот на досегашната претседателка пак, Елена Гошева, е на 26 ти октомври и не се знае дали тогаш евентуално законот за СЈО би се нашол пред судиите.

Инаку, Ивановски беше избран на денешниот колегиум на Уставниот суд со двотретинско мнозинство, а неговиот мандат почнува на 1-ви ноември.

Поврзани новости