Сугарески: Со буџетот за 2017 ќе се купуваат гласови

by fokus

Пратеникот на СДСМ, Горан Сугарески на денешната расправа за предлог-буџетот за 2017 година, обвини дека државната каса е скроена за корупција на гласачкото тело.

-Предлог-буџетот за 2017 година е една голема лага и на владејачката партија ѝ служи за да ги купи изборите. По образложението на предлог-буџетот од страна на министерот за финансии, може да се заклучи дека тој е една голема лага за да ги купите изборите, односно ќе послужи за корупција на гласачкото тело. Пред граѓаните требаше да ги спомнете проектите како панорамско тркало за кое се планирани 20 милиони евра и рајската градина – рече Сугарески.

За буџетот како што рече, со „фабричка грешка”, не гласаа пратениците на опозицијата, но со 72 гласови „за” сепак беше изгласан.

Поврзани новости