1.2K
И покрај пандемијата со корона вирус верниците се собраа за Божик во Соброниот храм, а дел од нив и се причестија со иста лажичка, како и за Велигден, празник кој се славеше на почетокот на пандемјата.
Свештените лица со ист став како и тогаш дека причесната лекува, а не разболува. -Господ не пренесува болести, господ лекува. Со причесната се лекуваме повеќе од 2000 години. Да не се сомневате Господ помага, рече отец Сашо Николовски во изјава за медиумите. Тој рече дека во Соборниот храм денеска се почитувале ковид протоколите.