Роднините и пријателите на осумтемина загинати полицајци во ланската кумановска акција положија цвеќе и запалија свеќи на гробовите на починатите во знак на почит и сеќавање на нивното дело кон државата. Но тоа што останува дилема и за семејствата на полицајците е како загинаа нивните блиски? Дали по нечија вина или навистина за државата?
Еден од роднините, Славко Кировски, изрази сомнеж дека нешто им се крие на најблиските.
-Оваа Влада е срам. Ние не знаеме во што да веруваме. Ако има судство ќе се докаже како загинале и зошто, но со вакво судство тешко дека ќе стигнеме до вистината“- изјави за медиумите, Кировски. Инаку, во судот продолжува судскиот процес за групата вооружени кои запоседнаа делови од Куманово со намера да предизвикаат дестабилизација.