Нападнати демонстранти на Шарена револуција заради транспарентот со Груевски

by Фокус 18:01
18:01

Непознати сторители ги нападнале демонстрантите од Шарената револуција кои денеска симболично ја преставија револуцијата со еден транспарент на скопскиот тркачки маратон. Нивната парола „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор“ некому предизвикала револт и нервоза па физички се пресметал со демонстрантите. Еден од нив е повреден и до крајот на денот од движењето „Протестирам“ се очекува да излезат со повеќе информации и фотографии за настанот.

Случајот е пријавен во полиција, а отворена е потрага по непознат сторител.

- Advertisements -

 

Поврзани новости