471
Најбогатиот човек во Македонија, Орце Камчев, кој важи за близок до владејчката структура, околу 11 часот излезе од просториите на Специјалното јавно обвинителство и одби да даде изјава.
Се претпоставува дека и тој бил повикан на распит во Обвинителството, каде денеска продолжуваат распити кои започнаа минатата недела. Но, поради тајноста на постапката, СЈО не открива кој и зошто е или ќе биде повикан на распит.