И професорката Мирјана Најчевска е повикана од полицијата. Утре во 9 часот таа и Уранија Пировска ќе одат во полциската станица Беко, каде ќе дадат изјави. „Шарена револуција“ и „Протестирам“ преку својот ФБ профил најавија дека утре ќе бидат таму во 8 и 45 за да им дадат поддршка.
„Продолжува хајката и репресијата на режимот против борците за човекови права, против нашето право на протест, против секој/a од нас. Нашите соборки Уранија Пировска и Мирјана Најчевска, едни од најактивните заштитнички на човековите права во Македонија, се повикани на информативен разговор во полиција заради нивните протестни дејствија против автократскиот и корумпиран режим.
Продолжуваат мерките на заплашување врз слободната мисла, но тоа нас не јакне. Колку повеќе се обидуваат да не замолчат, толку повеќе не здружуваат и зајакнуваат. Нема да им помине, нашата порака е СТАВ НАМЕСТО СТРАВ – ЛИЦА НАМЕСТО МАСКИ!
Затоа, за да им покажеме дека нема да не запрат, ве повикуваме утре (среда) во 08:45 часот наутро пред полициската станица Беко во Скопје, да ги придружиме и поддржиме Уранија и Најче кои се повикани на “информативен” разговор и да упатиме уште една јасна анти-режимска порака.
Нема правда, нема мир, се гледаме утре во 08:45 часот пред полициска Беко“, повикаа Шарена револуција и „Протестирам“ преку Фејсбук.