И Мицкоски стравува дека ќе заврши на црна листа, велат од СДСМ

by Фокус

Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

-Причините за оваа постапка од САД нашите граѓани многу добро ја знаат, тоа е вмешаност на Никола Груевски во корупција и криминал од невидени размери. Бројни судски предмети и признанија на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдуваат, како Твдрина, Титаник… Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство – рече Кузенска.

Се ова се случува, додава таа, во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште во Собранието ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители.

-Се противеа на Законот за јавно обвинителство, затоа го блокираа изборот на нов Јавен обвинител. Нема појасен заклучок. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата криминална партија. Очигледно оваа партија со бел дворец ама со црна листа, се уште вистински е управувана од Никола Груевски. Оттука е молкот на Христијан Мицкоски – рече Кузенска.

Таа праша дали Мицкоски стравува дека и тој, како што вели, би можел да се најде на црната листа?

Поврзани новости