Шест дена убиецот е во бегство, за денеска под притисокот на јавноста и медиумите тој да биде пронајден, изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
-Спасовски не успеа да го обезбеди убиецот за органите на прогонот, тоа го стори јавноста и медиумите кои будно го следеа настанот. Дека Спасовски немаше интерес убиецот да биде пронајден лесно може да се утврди и по неговите изјави, и изјавите од МВР преку соопштенија. Шест дена по ред Спасовски и МВР менуваа изјави и излегуваа со различни теории, кои сите беа претставувани како вистини, се додека медиумите не објавија видео снимка од убиството – рече Лефков.
Според него, Спасовски треба да одговори што правело МВР од четвртокот рано утрото до попладнето кога вели дека излегле на терен.
-Дополнително Спасовски треба да одговори и дали во непосредна близина на настанот имало и полициски службеници кои не го спречиле настанот? Ракометарот Тот можеби можел да биде спасен, доколку реакцијата на МВР била побрза, а со сигурност убиството ќе било расчистено уште првиот ден доколку Спасовски и КАРИЛ не го претставуваа убиството како несреќа, туку се насочеа кон расчистување на случајот – вели Лефков.