458
Станува јасно дека кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ одлучиле да не се појавуваат на телевизиски дебати кога за противници ги имаат кандидатите од СДСМ.
Откако вчера тројца кандидати од ВМРО-ДПМНЕ не се појавија на дебатите каде што беа поканети, денеска трендот го продолжи кандидатот за градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески.
Имено, тој требаше да гостува во „Отворено“ на телевизија 24, каде гостин е кандидатот од СДСМ, Илија Јованоски. На самиот почеток, водителот на емисијата, Младен Чадиковски информираше дека Ристески ја одбил поканата со образложение дека имал пребукираност во агендата.