Грујевски ги злоупотребил мерките за заштитени сведоци и си извадил втор идентитет

by fokus 19:07
19:07

Двојниот идентитет на обвинетиот Горан Грујевски кој има и втор пасош најверојатно е злоупотреба на мерките за заштита на заштитени сведоци, оцени директорот на УБК, Горан Николовски во интервју за Телма.

Откако избега пред да отиде во притвор, беше откриено дека Грујевски имал втор пасош на име на друг велешанец, Владимир Варелов, полицаец во ЕБР.

Покрај за „Тврдина“, поранешниот началник на 5-тата управа е обвинет од СЈО и за „Трезор“, набавка на алатки и опрема за УБК меѓу кои и на возило за подвижно следење.

- Advertising -

Поврзани новости