МОН: Универзитетите треба да им овозможат на студентите да ги завршат студиите таму каде што ги почнале

by fokus

Министерството за образование и наука соопшти дека во изминатиот период примило голем број поплаки од студенти кои биле запишани на дисперзирани студии во Скопје при Државниот универзитет во Тетово, на кои им било кажано дека наставата треба да продолжат да ја следат на матичните факултети на ДУТ, а не на дисперзираните студии во Скопје како што е првично предвидено со конкурсот за упис и склучените договори за студирање.

-Потсетуваме дека универзитетите на кои наставата се одвива на дисперзирани студии, со конкурсот за упис и склучените договори за студирање се обврзуваат да им овозможат на студентите да студираат на овие студии. Менувањето на условите за студирање откако се започнати студиите, спротивно на волјата на студентите, значи непочитување на склучениот договор. Универзитетите треба да им овозможат на студентите да ги завршат своите студии согласно условите под кои тие се запишале, соопшти МОН.

Поврзани новости