Тешко повреден при увид на градежен лифт

by Фокус

Вчера попладне во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди бил донесен В.К.(53) од Скопје.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи на подрачјето на Центар, при увид на градежен лифт.

Од МВР соопштија дека увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен трудов инспектор.

Поврзани новости