По вицепремиерот Кочо Анѓушев, и пратеникот на СДСМ Хари Локвенец вели дека ги повикал содружниците да се откажат од грантот во вредност од 162.000 евра, што го доби прилепската печатница Гинис, каде тој се јавува како косопственик.
„Морам да потенцирам две работи. Прво, никогаш не сум учествувал во раководењето на фирмата, а акционер сум од 2000-та година. Второ, имам друга фирма на исто име и иста жиро сметка, фирма која ја имаше во „бомбите“, која беше наменски казнувана цел тој период. Мора да потенцирам дека во оваа држава мораме да ја градиме довербата во институциите и само така ќе ја изградиме европска Македонија за која сите сонуваме – изјави Локенец за 1ТВ.
Претходно, истото од косопствениците го побара и вицепремиерот Кочо Анѓушев, откако компанија каде тој се јавува како малцински сопственик, исто така, доби грант од Фондот за иновации.