Фонд за иновации: Грантовите ги доделивме транспарентно, финалната селекција ја правеа странски експерти

by Фокус

По реакциите поради тоа што компании на високи државни функционери добија грантови во рамки на програма спроведена од Фондот за иновации и технолошки развој, од таму велат дека немаат мандат, ниту обврска да вршат анализа на сопственичкиот капитал на компаниите кои аплицираат, ниту да вршат проценка на нивната политичка подобност.

„Ги поздравуваме сите повици да се испита работата на Фондот и ги повикуваме сите надлежни органи да го сторат тоа неодложно. Како и досега остануваме целосно транспарентни и отворени за одговор на сите прашања и дилеми кои се поставуваат во јавноста“, стои во соопштението на Фондот на чело директорот Јован Деспотовски.

Од таму додаваат дека првиот јавен повик од Столб 3 на Планот за економски раст на Владата е спроведен целосно транспарентно, без да се врши дискриминација на компаниите по која било причина, а финалната селекција ја правел Комитет за одобрување на инвестиции составен од петмина странски експерти.

Поврзани новости