Пет пожарникари од Противпожарната единица од Куманово заминуваат да помогнат во реонот зафатен од земјотрес во Турција. Тие одат со возило и опрема да се приклучат на меѓународната акција за спасување и извлекување од урнатините на повредените и настаданите од големите потреси што ја зафатија земјата.
Градоначалникот Максим Димитриевски порача дека Куманово било и ќе продолжи да биде солидарен и хуман град пријател на сите народи, а Советот на Општината вчера на вонредна седница одлучи да додели 1 милион денари помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
„Средствата се од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година, од ставката тековни резерви. Средствата во износ од 1.000.000 денари ќе бидат распоредени по 500.000 денари на двете држави“, стои во предлог- одлуката до Советот.