И контрадемонстрантите од ГДОМ поканети на разговор со ЕУ

by Фокус

И граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) е покането од ЕУ на консултации за излез од кризата.

Ова го најави првиот извршен директор на невладината МЦМС, Александар Кржаловски во емисијата “360 степени” на Алсат ТВ.

Запрашан за тоа каде гледа улога за граѓанското општество во разврската на кризата тој рече дека инклузивноста ја разбира пошироко, исто како и Европската Унија.

– Денеска добив потврда дека и Европската Унија така ја разбира. На пример, поканите сме на консултации во кои е поканет и ГДОМ. За прв пат гледам дека на покана од ЕУ се поканети и контра-протестите. За мене тоа е чекор плус, бидејќи така сметам дека е преголема поларизацијата и треба и најголемите опонентите – и водачите на Шарената револуција, односно критичари на актуелната власт, и нејзините бранители да седнат и да разговараат еден со друг, цивилизирано и со аргументи, и да се види кој е излезниот пат – рече Кржаловски.