СДСМ: Ништо не може да го спаси Груевски, најмалку лагите на медиумските курири

by Фокус

Од Социјалдемократскиот сојуз реагираат дека медиумите блиски до власта не известуваат за секојдневните протести на Шарената револуција и продолжуваат „бескомпромисно да го бранат Груевски и ВМРО ДПМНЕ”.

-Медиумските курири, платени со пари на граѓаните, не престануваат со ширењето лаги и невистини. Преку извртување на вистината сакаат да ги сокријат криминалите на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски. Плашејќи се од вистината и враќањето на правдата, тие бескомпромисно го бранат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести преку кои граѓаните бараат промени и враќање на правдата, слободата и демократијата.-  реагираат од СДСМ

Од партијата порачаа дека никој не може да избега од одговорноста и секој што го прекршил законот ќе одговара.