И Карл Билт заинтересиран за исходот од разговорите меѓу Вучиќ и Курти

by Fokus

И поранешниот премиер на Шведска, Карл Билт, се интересира за исходот од разговорите меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид, за анексот за имплементација на договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. .

Разговорите меѓу двајцата функционери започнаа утрово нешто по 10 часот со присуство на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

Билт на својот Твитер профил напиша дека се надева на конечен пробив.

– Дали е ова решавачката рунда во долгорочните европски преговори меѓу Србија и Косово? Начелен договор е веќе постигнат, но деталите за имплементацијата сè уште не се договорени. Се надевам дека прекрасниот Охрид ќе обезбеди атмосфера погодна за конечниот пробив – напиша Билт.

Малку порано денеска се огласи и шефот на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој на Твитер напиша дека преговорите меѓу Вучиќ и Курти се клучот за стабилноста на регионот.

 

Поврзани новости