Преговорите во Охрид зад затворени врати се уште траат, Борел го откажал летот за Брисел

by Fokus

Со часови во Охрид се водат разговори за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

Шефот за надворешна политика на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел го откажал летот за Брисел, брифираат дипломатски извори, пренесува Радио Слободна Европа.

Повеќе од 10 часа траат средбите во Охрид со лидерите на Србија и на Косово.

Борел денеска во 10 и 30 часот ги започна средбите во Охрид во рамки на дијалогот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Прво имаше одвоените средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа и со премиерот на Косово, Албин Курти.

На средбите присуствува и претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак.

Следуваше трилатерална средба.

Поврзани новости