772
Обвинетиот од СЈО, Илија Димовски се жалел до Апелациониот суд, дека му е одземен пасошот и дека секоја среда треба да се јавува во судот, како извршување на мерките на претпазливост кои му ги определи судот.
Судиите од скопска Апелација ја отфрлија неговата жалба и го потврдија решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 од Скопје.
Димовски во жалбата наведува дека не постои опасност од бегство, се јавувал на сите покани во СЈО, доколку имал намера да бега, ќе избегал досега.