И Хрватска и Словенија уриваат рекорди на заразени од ковид

by Fokus

Во последните десетина дена, Хрватска и Словенија уриваат рекорди на заразени од ковид 19, па само за едно деноноќие бројките се движат од 10.000 до 12.000 нозозаболени.

Во последните 24 часа, во Словенија се потврдени 10.288 нови заразени со корона вирус, што е помалку од вчерашниот рекорд од над 12.000 случаи

Словенечките власти проценуваат дека ситуацијата е тешка, но е под контрола, со предвидувања дека врвот на овој бран ќе биде во првата недела од февруари, а со тоа се очекува уште повисоки бројки.

Додека пак, во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 11.343 новозаразени лица, неофицијално дознава „Јутарњи лист“.

Ова е бројот на позитивни случаи потврдени со ПЦР-тестови, така што тој број сигурно ќе се зголеми кога ќе се додаде и бројот на луѓе чија инфекција е потврдена со брзи антигенски тестови.

Претходниот црн рекорд беше поставен вчера, кога беа регистрирани 10. 427 нови случаи на заразени.

Пред една недела во Хрватска имаше 9.157 нови случаи на зараза, додека пред две недели 9.058 нови заразени во еден ден, пренесува „Јутарњи лист“.

Пред два дена Србија регистрира неславен рекорд во бројот на дневнозаразени, со над 18 илјади случаи.

Поврзани новости