И градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко остана без пасош

by fokus

Апелациониот суд ја одби жалбата на обвинетиот градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко и одлучи и натаму еднаш неделно да се јавува во судот и да му биде одземен пасошот.

Судот ги ценел околностите во смисла на тоа дека обвинетиот има оформено потесно семејство, женет и е татко на две деца, како и тоа да обвинетиот е член на совет на округ Албанија и градоначалник на општина Пустец, но најде дека наведените околности, не се од значење за донесување на поинаква одлука на овој суд.

Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ на СЈО за сторени изборни измами.

Поврзани новости