ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже по кој критериум ја вработи ќерката на Тито Петковски во Влада

by Fokus

По кој критериум Заев ја вработи ќерката на Тито Петковски во Владата? Според кој критериум комедијанти се вработуваат на одговорни позиции? праша Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните не се должни ниту да ги плаќаат фактурите од Тито Петковски кон Заев ниту се должни да дадат еден денар затоа што Заев вработува комичари во Влада, како благодарност за одработувањето за него и СДС во изминатите годините наназад на разни платенички протести и преку проекти спонзорирани од странски фондации“, рече Стаменковска.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека наместо стотици милиони денари од буџетот да се трошат за нови училишта, болници и спортски игралишта, ќе се трошат за партиските вработувања на Зоран Заев и за неговото оддолжување кон партиските војници и профитери кои глумеа граѓански сектор за да дојдат до фотелјата заедно со СДС на власт.

Поврзани новости