ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да ги претвори судовите во партиска алатка

by fokus

СДСМ со судовите сака да го направи тоа што го направи со СЈО, да ги претвори во партиска алатка која ќе ја води и помага нивната политика, изјави Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Владата на Заев подготви таканаречен совет за реформи во судството во кој го вклучи Љубомир Фрчкоски. Истиот тој беше министер и еден од најактивните политички функционери што го туркаа срамниот политички реизбор на преку 600 судии за само неколку минути. Во советот на СДС свое место си најде и нивната претседателка на советот за политички систем Маргарита Цаца Николовска, но и Мирјана Најческа и Гордан Калајџиев кои се истакнаа со фрлањето балони со боја и нанесувањето штета на државните институции. Ги вдомија и Наташа Габер Николовска, Беса Арифи и слични ликови кои целиот изминат период глумеа професионални и независни експерти, изјави Илиоски.

СДСМ, додаде тој, и должи одговор на јавноста зошто меѓу професионалците кои се вклучуваат во советот за реформи ги нема токму луѓето кои се на раководни позиции во најголемите судови, како и претседателот на Врховниот суд.

-Овој Совет ќе го погази начелото за самостојност на судската власт. Се уште јавноста памети како СДС во 1996 година во само една ноќ именуваше со траен мандат над 600 судии во сите судови ширум Македонија. Изборот на вакво тело со ваков состав и генералниот реизбор на судии претставува класичен притисок врз судството со цел да вршат неоснован прогон на што е можно повеќе функционери од ВМРО-ДПМНЕ, изјави Илиоски.

Поврзани новости