482
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Х.(27) од Гостивар за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.
Според информациите во полицискиот билтен, во периодот од 2010 до 2018 година, пријавениот, без претходна согласност, презел фотографии на 28 годишно женско лице од село Вранешница, кичевско, поставени на социјалната мрежа “Facebook”, и истите ги употребил за креирање на лажни профили на повеќе социјални мрежи.