Арсовски: Градоначалникот на Демир Хисар тврди дека ги прислушкува граѓаните, ги следи и врши притисоци со бомбите на Заев

by Fokus

Криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев секој ден го покажува своето лице и своите методи на застрашување кон граѓаните и сите останати.  Ова е вистината за СДСМ, а не лицемерието кое им го продаваат на граѓаните за европски вредности кои наводно ги поседуваат, а воопшто не ги поседуваат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера јавноста беше сведок како градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар јавно пред ученици, на работно место им се заканува на просветни работници и ги омаловажува на најдрзок начин. Како што може да погледнете градоначалникот на Демир Хисар пред малолетни деца, пред ученици се заканува. Шерифлукот на СДСМ е многу посериозен од обична расправија како што тврди МВР кое што се обидува да го релативизира случајот. Стојановски тврди дека ги прислушкува граѓаните, дека го следи нивното движење и врши притисоци со бомбите на Зоран Заев – истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој прашува како стасале материјалите од нелегалното прислушкување до лик како што е Марјанче Стојановски од Демир Хисар? Дали за овие материјали за кои градоначалникот на Демир Хисар зборува знаaт органите на прогонот? На крајот на краиштата дали некојси Марјанче Стојановски е дел од една партиска структура на СДСМ која вршела прислушкување на граѓаните и истите материјали ги злоупотребувала во изборни цели, уцени на граѓаните и притисоци на администрацијата во пресрет на политичките случувања како што е претстојниот референдум, а можеби тоа било дел од стратегијата да стане градоначалник? – прашува Арсовски.

 

Поврзани новости