Го натепал синот, па удрил и по неговиот татко

by Fokus

Двајца непознати лица физички нападнале дечко и девојка во млечен ресторан во скопски Аеродром, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(21) од Скопје пријавил дека истиот ден во 03.00 часот во млечен ресторан на булевар „Јане Сандански“ тој и неговата девојка В.А.(21) од Скопје физички биле нападнати од две непознати лица. По нападот, лицата заминале во непознат правец, а В.А. телефонски ги известила родителите на М.Ј. за настанот. Пред влезот од зградата, каде што ги пречекале неговите родители, едно од лицата физички го нападнало С.Ј.(49), татко на М.Ј. , по што побегнало во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани новости