И Ферид Мухиќ тврди дека гласал за законот за јазиците: Тоа е за доброто за Македонија

by Fokus

Независниот пратеник од владејачката коалиција Ферид Мухиќ на денешната седница истакна дека вчера гласал за законот за употребата на јазиците, иако на листингот до неговото име стои дека не гласал.

На седницата процедурално реагираше и лидерот и пратеник од Алијансата за Албанците, Зијадин Села кој побара да се открие што точно се случило, затоа што и тој го дал својот глас за законот за јазиците.

Претседателот на Собраниетo, Талат Џафери, го одби неговото барање поединечно да се гласа за Законот за употреба на јазиците, откако листингот на Собранието покажа дека електронскиот систем не го регистрирал нивниот глас. Според Џафери Законот е изгласан од 64 пратеници и гласањето е полноважно, поради што не може да се спроведе поединечно гласање.

-Или сте притиснале пред време или сте притиснале после време и не можело да се регистра гласањето. Не се сомневам во тоа што го кажувате дека сте гласале за Законот. Но времетраењето на гласањето е десет секунди, и во таа гужва или сте го пристиснале копчето предвреме или прекасно. Може и картицата не била до крај на своето место. Инаку нема моќ системот селективно да ги пребројува гласовите и да интервенира во однос на искажаната волја на пратениците – рече Џафери.

 

Поврзани новости