Во моментот во Кривичниот суд, на судското рочиште за случајот “Титаник”, во кој обвинетите се гонат за изборни манипулации во 2011 и 2013 година, се слушаат бомби.
Во еден од разговорите, на пет дена од локалните избори во 2013 година меѓу Миле Јанакиески и соговорничка, директорка на дом за деца без родители, зборуваат за претстојните избори, при што директорката му реферира на Јанакиески дека децата ќе гласаат за Груевски.
-Две деца што се полнолетни ќе гласаат во Скопје, а шест деца во другите градови. И они ќе гласаат, како што викаат за Груевски, само бараат да им се плати превозот, вели директорката.
Јанакиески и враќа дека не е проблем, нека однесат сметки и ќе им ги вратат парите. На ова директорката вика дека не е проблем дека таа ќе плати од домот. Потоа му кажува дека има други домски деца, кои се надвор од домот и живеат под кирија, само треба да им ги најде адресите, по што самата заклучува и вели: “Тие ќе треба да ги обработам”.
Јанакиески во разговор со друг соговорник бара и список од затвореници.