И денеска протест и контра-протест

by Фокус 13:38
13:38

Незадоволните граѓани од одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов да ги аболицира сите осомничени во случаите кои произлегуваат од прислушувањето и денеска ќе протестираат. Протестот повторно ќе започне пред Собрание во 18 часот. Од граѓанското движење „Протестирам“, кое е организатор, велат дека секој ден ќе се собираат се додека не им се исполнат барањата.

Од друга страна, и денеска ќе има контра-протест во ораганизација на ГДОМ. Приврзаниците на владејачката партија повторно ќе се соберат пред штабот на СДСМ. Тие вчера протестираат против аболиција на Заев и Верушевски и за избори на петти јуни. Заев ја одби аболицијата, а денеска изборите и официјално беа распишани за петти јуни. Сепак, организирано со автобуси од повеќе градови, тие повторно ќе протестираат.

- Advertising -

Поврзани новости