ЕУ: Има сомнеж врз можноста дека ќе има услови за фер избори

by Фокус

Европската унија денеска порача дека за изборите што денеска и официјално беа закажани за петти јуни е потребно исполнување на три услови за да се обезбедат, како што велат, веродостојни избори.

-Последните случувања фрлаат сомнеж во врска со можноста за обезбедување услови за веродостојни избори. Ги повикуваме сите заинтересирани страни и политичките партии да продолжат да работат заедно за да се обезбедат услови за веродостојни избори, во интерес на земјата и нејзините граѓани. Ова вклучува завршување на прочистувањето на Избирачкиот список, балансирано известување на медиумите и истрага, односно казнување на сите пријавени за заплашување на гласачите. Ние ќе продолжиме да го следиме ова одблиску со меѓународните партнери како што е ОДИХР и ќе продолжиме да ја истакнуваме секоја загриженост што ја имаме, рече портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ за МИА.

Таа ги повика сите граѓани и сите партии да учествуваат во демократските процеси на ненасилен начин и порача дека оваа криза може да се реши со политички средства и со враќање на масата за дијалог.

Поврзани новости