ДУИ ја потпиша Иницијативата за импичмент на Иванов

by Фокус

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска остварил средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на која било разговарано за моменталната состојба, при што двете партии имаат ист став, а тоа е дека одлуката на Иванов за општа аболиција треба да биде отповикана.

И ДУИ е согласна дека претседателот Иванов исто така треба да биде отповикан од функцијата и затоа коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ ја потпишал Иницијативата за отповикување на Иванов од претседателската функција.

Ахмети  претходно објави дека денеска се сретнал со амбасадорите на САД и на ЕУ во Македонија и дека интензивно работеле за решавање на ситуацијата во корист на граѓаните и да се ставело крај на оваа криза.

Поврзани новости