И денеска не возат дел од градските приватни автобуси

by Fokus

Како што беше случај и вчера, така и денеска- не возат приватните градски автобуси во Скопје со броевите 19, 20, 52, 54 и 22 кои сообраќаат до Шуто Оризари, Волково, Ржаничино и до Колонија Идризово, а се дел од возниот парк на „Макекспрес“.

Причина за тоа е долгот од ЈСП кој изнесува околу 30 милиони денари па тековните трошоци не можат да се подмират, велат од Макекспрес.

Поврзани новости