И денес сончево време, температури до 26 степени

by Фокус

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 22 степена.

Поврзани новости