Американската демократија е нападната, рече Бајден

by Фокус

Американската демократија е нападната, истакна претседателот Џо Бајден во својот говор за заштита на демократијата, што го одржа на станицата Унион во Вашингтон, недалеку од Капитол Хил.

-Американската демократија е нападната затоа што поразениот поранешен претседател на САД одби да ги прифати резултатите од изборите во 2020 година. Тој одбива да ја прифати волјата на народот, одбива да го прифати фактот дека загуби. Ја злоупотреби својата моќ и ја стави лојалноста кон себе пред лојалноста кон Уставот – рече Бајден.

 

Поврзани новости