И Бугарија се мобилизира поради кризата со мигрантите

by Фокус 11:32
11:32

Поради алармантната состојба со мигрантите, и бугарската армија ќе се распореди на границите со Македонија и со Грција, објавија бугарските власти.

На вчерашната средба на надлежните институции и служби, на која присуствувал и премиерот Бојко Борисов, одлучено е бугарското Министерство за одбрана да предложи конкретни мерки, со цел да ја обезбеди државната граница во соработка со тамошното Министерство за внатрешни работи.

- Advertisements -

Предвидено е копнени армиски сили и граничната полиција од вторник да започнат заеднички активности на критичните точки на зелена граница и граничните премини.

Поврзани новости