Франгов: Се решава проблемот со мигрантите

by Фокус

Со поддршка од Владата на РМ и надлежните државни органи, дел од барањата на општина Гевгелија во врска со проблемите предизвикани од бегалската криза веќе се ефектуираат, изјавил истакнал градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов на синоќешниот координативен состанок со претставниците на УНХЦР, Меѓународниот црвен крст и повеќе невладини организации и здруженија кои се вклучени во активностите за справување со бегалската криза на јужната граница.

– Бројот на превозните средства за транспорт на бегалците кон северната граница е зголемен. Процесот за регистрација на бегалците се забрзува, а со зголемениот надзор над границата и контролираното пропуштање на бегалците во земјата целиот простор на железничката и автобуката станица повторно е функционален – рекол Франгов.

Тој додаде дека во врска со барањето на општината за уредување нов прифатен пункт во близина на поранешните објекти на „Винојуг“, почнати активности за расчистување на локацијата и за инсталирање водоснабдителен систем, додека со спонзорство од ЕВН ќе се обезбеди електричен приклучок.

Поврзани новости