И Бугарија го истражува камионот што експлодира на мостот на Крим

by Фокус

Вршителот на должноста премиер на Бугарија, Галаб Донев, нареди итна истрага по објавувањето на информацијата дека камион натоварен со експлозив од Бугарија во саботата се разнел на мостот на Крим, соопшти владиниот портпарол Антон Кутев.

Според Кутев, преодната Влада побарала информации од безбедносните служби за камионот што експлодира на мостот на Крим.

-Какви ќе бидат резултатите останува да видиме, наведе Кутев.

Поранешниот заменик-министер за одбрана на Бугарија Јордан Божилов го отфрли постоењето на бугарска врска со она што се случи на мостот на Крим во саботата и го дефинира како хибридна војна против бугарските власти.

„Нема бугарска трага. Блеф! Да се вметнат Бугарија и НАТО во наративот“, напиша тој на Фејсбук.

Поврзани новости