И братот близнак на првиот со коронавирус од Хрватска е заразен!

by fokus

Братот близнак на првиот човек заразен со коронавирус од Хрватска, исто така е позитивен на вирусот – јавуваат хрватските медиуми.

Ова е втор случај на коронавирус во Хрватска, а според информациите од тамошното Министерство за здравство, двајцата 26 – годишни мажи засега се во добра состојба.

Првиот заразен од вирусот во Хрватска неодамна се вратил од патување во Милано, Италија, каде со својата девојка бил на фудбалски меч.
Таа исто така била тестирана за вирусот, но резултатите биле негативни. Бидејќи парот патувал со автобус, се проверувале и останатите патници.

Второто лице кај кое е потврдено присуство на коронавирус во Хрватска работело во ХЕП (Хрватска Електропривреда). Симптоми пројавил и еден од неговите колеги, а во компанијата завладеала паника.

Во Италија починаа 11 лица, а кај 327 лица е потврден вирусот– информира La Repubblica. Заразени биле и пет малолетници, помеѓу кои и 4-годишно девојче.

Вики Клинчарова

Поврзани новости