432
Лидерот на СДСМ Зоран Заев ни кажа дека и странските амбасадори во Македонија биле мета на прислушување, вели италијанскиот амбасадор во земјава Ернесто Масимо Белели во интервју за Радио Слободна Европа, што ќе биде во целост објавено в недела.
– Станува збор за неколку акредитирани амбасадори во земјава и дел од неколку дипломати кои си заминале од Македонија – вели Белели, додавајќи дека тој и неговите колеги од дипломатскиот кор од ЕУ се загрижени поради тоа, иако засега немаат докази за такво нешто.
Според Виенската конвенција, дипломатите не смее да бидат прислушувани дури и по налог на судот.