Вечерва во 21.30 часот во МКЦ – Кино Фросина преку најразлични манифестации и наградни игри неколкумина млади луѓе ќе се обидат да соберат што повеќе средства за да ѝ помогнат на студентката од Правниот факултет Ивана Величковска која боледува од леукемија и потребни и се средства за лекување.
Посетителите ќе бидат во можност да ја видат промоцијата на првиот спот на групата „Улична мисла“. Ќе следува и настап на „Break Dancers“ под мотото „Играј и живеј здраво“ и ќе се доделуваат награди на присутните: панорамско надлетување над Скопје со авион во времетраење од 30 минути и доделување ваучер за тетовирање во вредност од 50 евра кај уметничката и тату артист, Емилија Пендева.
Албумотот ќе се продава по цена од 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат наменети за лекување на младата Ивана.