ГРОМ едногласно го прифати предлогот за влез во владата

by Фокус

Централниот одбор на ГРОМ едногласно го усвои предлогот на Извршниот одбор за влез на партијата во владината коалиција која ја предводат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, истакна дека не е случајно тоа што нивни човек ќе биде заменик-министер токму во ресорот  локална самоуправа.

– ГРОМ треба да работи на зацврстување на локалните самоуправи и не случајно организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов, го предложивме за извршување на оваа обврска – рече Јакимовски.

Поврзани новости