Хуманитарен концерт за Момо Николоски в недела во „Даре Џамбаз“

by fokus

На 17-ти февруари во 18 часот во салата на хуманитарниот дом „Даре Џамбаз“ ќе се одржи концерт за естрадниот уметник Момо Николоски.

На концертот ќе учествуваат учениците и долгогодишни пријатели на Узун: Уни бенд од Валандово, Јасмина Гуњова, Кирил Узунов, Горан Симевски и Кристијан Демјански придружувани од маестро Бранко Коловски а водител е Катерина Стојановска-Десковска.

Влезот на концертот е бесплатен, а ќе има поставени кутии за донации за лекување на Николоски, на кого му беше дијагностициран канцер на желудникот.

Телефони за донации 143 462 ВИП и 143 123 Т-Мобиле.

Поврзани новости